Нема притвор, ќе им бидат одземени пасошите на Канческа, Трајковски и Пешевски

Од:

Кривичниот суд одлучи на поранешната министерка Елизабета Канческа Милевска да и биде одземен пасошот како мерка на претпазливост по обвинението за случајот “Тендери“. Пасошот ќе му се oдземе и на Владимир Пешевски, поранешниот вицепремиер обвинет за случајот „Траекторија“. Без патната исправа ќе остане и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за случајот „ТНТ“. За тројцата Специјалното јавно обвинителство бараше да се одреди мерката притвор.

Судот донесе одлука да им се одземат патните исправи и на обвинетите за „Тарифа“ и имаат обврска секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот. Заабрането е издавање нова патна исправа.

Патната исправа ќе му се одземе и на поранешен помошник министер во МВР, за случајот „Трезор“,кој е обвинет во случајот со набавката на опрема за следење на електронски комуникации.

Предлозите за „Титаник 2“ за определување мерки за претпазливост против седум лица судот ги одби како неосновани.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ