Нема пречка Законот за државјанство да се донесе со европско знаменце, вели Снопче од Алијанса за Албанците

Од:

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност со работа ќе продолжи следната недела за да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива.

Пратеникот Халил Снопче од АА денеска изјави дека овој закон е многу важен за граѓаните, како и за елементарните човекови права.

-Ние ќе инсистираме да дадеме уште една шанса. Значи, сигурно следната недела ќе продолжиме со оваа Комисија. Се разбира, ако гледаме навистина, значи има блокади, сигурно ќе одиме на втората варијанта преку европско знаменце. Зошто? Затоа што прво, имаме согласност од страна на Владата и второ, навистина се работи за човекови права и трето, сигурно според сите европски и меѓународни конвенции нема логика да има луѓе без државјанство во ниту една држава, а ние имаме луѓе што се без државјанство, рече Снопче одговарајќи на новинарско прашање.

Овој проблем, како што рече, мора да се реши и според меѓународни стандарди, и смета дека нема пречка да се донесе овој закон со европско знаменце.

-Уште повеќе, сите наши аргументи што сме ги истакнале кога сме ги предложиле овие измени на Законот за државјанство интересно е, се потврдени и во последниот извештај на јавниот правобранител. Значи, како тој да ги употребил истите зборови коишто ние ги употребувавме со аргументацијата дека овој закон треба да се донесе. Значи, уште една потврда од една значајна инстанца која што директно се залага за одбрана на човековите права, вели Снопче.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите