Нема посериозна загаденост на почетокот на грејната сезона, вели Шилегов

Од:

Сведоци сме дека немаме некоја посериозна загаденост на почетокот на грејната сезона, напротив деновите се во рамки на нормалата на загадување, рече денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Она што мене ме радува е дека ние сме сериозно отидени напред на стратешко решавање на проблемите. Денеска веќе го добив драфтот на договорот со ЕБРД за организирање на новиот јавен превоз во нашиот град и очекувам дека пред нова година тоа ќе биде завршено со цел да влеземе во негова имплементација. Од тој аспект гледано мислам дека сме на добар пат да влеземе во сериозно стратешко решевање, посочи Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали се предвидуваат интерветни мерки за загадувањето на воздухот.

Не постои, вели тој, град во Европа кој на своите граѓани им дава стопостотно субвенционирање на пет илјади инвертер клими.

– Тоа е единствено градот Скопје и останати три града кои со донација од ЕЛЕМ и од Владата тоа го направивме. Поинтервентна мерка од тој аспект гледано не можете да добиете, ниту да имплементирате. Нема некој кој стопостотно го покрива трошокот на вашето грејно тело. Сето тоа дава резултати кои се видливи во форма на помал број на загадени денови и тоа е така. Така што мислам дека до тој сегмент и во тој дел полека полека успеваме да ја добиеме битката, потенцира Шилегов.

Додаде дека интерентни мерки по однос на загадувањето цело време се преземаат и оти оваа гарнитура на градоначалници на територија на градот Скопје има преземено 27 интервентни мерки.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС