Нема план за моноетничка коалиција вели Филипче пред средбата со Мицкоски

Од:

Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче пред состанокот со премиерот изјави дека очекува конструктивен разговор и оти е внимателен оптимист.

-Искрено очекувам контруктивен разговор. Навистина ми е драго што премиерот го прифати состанокот уште веднаш, рече тој.

Филипче рече дека темите што ги нафрлил на прес-конференцијата вчера, ќе се обиде подетално да му ги објасни на премиерот. Истовремено, кажа дека жали што вчера одредени политички партии се обиделе да уфрлат некаква етничка димензија и дека тоа апсолутно го демантира.

– Повикот за меѓупартиска средба беше, се уште е за сите партии со оглед на тоа што премиерот прв и веднаш прифати. Еве ќе поразговараме за темите коишто сметам дека заеднички треба да се изменаџираат, коишто никогаш досега не биле така менаџирани. Темите ги нафрлив вчера, денеска ќе се обидам подетално да му ги објаснам како и некои предлог начини, така како што ми е мене во моментот размислувањето без претензија дека тоа е вистинскиот начин. Секако дека отворен сум да разговараме за сите опции. Во однос на очекувањата еве како и секогаш да кажам дека сум внимателен оптимист, рече претседателот на СДСМ.

На новинарско прашање Филипче повтори дека ги демантира трвдењата на ДУИ потенцирајќи дека состанокот нема никава етничка димензија.

-Сите се поканети, сите лидери треба да присуствуваат понатаму на следните состаноци бидејќи ова е за доброто на државата и на сите граѓани, рече Филипче.

По средбата се очекува изјава на лидерот на опозоциската СДСМ, додека од Владата најавија соопштение од средбата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски