Нема одлука за дневниот престој во училиштата, се чека МОН да каже колку деца ќе го користат

Од:

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не донела одлука дали во основните училишта ќе профункционира целодневен престој за децата кои физички ќе посетуваат настава.

Оттаму очекуваат Министерството за образование да достави податоци за тоа колкав е бројот на децата, кои освен настава со физичко присуство, родителите ќе ги пријават за целодневен престој, па потоа ќе донесе одлука.

– Ова прашање не е сè уште решено. Како Комисија за заразни болести мора да имаме точен број на деца кои би го користеле дневниот престој по завршување на наставата. Тие податоци треба да ни ги обезбеди Министерството за образование и наука, па дури потоа да донесеме одлука, односно да препорачаме, вели за МИА д-р. Александар Стојанов, директорот на Центарот за јавно здравје на Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Самоизолација и здравствен надзор за две лица кои се заболени од мајмунски сипаници

Мехмедовиќ: Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19

А1он

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето