Нема нови бегалци во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“

Од:

Во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“  во Гевгелија денеска нема новодојдени мигранти и бегалци откако границата денеска остана целосно затворена во исчекување на резултатите од вонредниот Самит ЕУ-Турција во Брисел.

Барбара Колци од Канцеларијата на УНХЦР за заштита потврди дека по заминувањето на последниот воз со 437 мигранти, денеска во Транзитниот прифатен центар од грчка страна нема влезено ниту едно лице и дека границата е затворена од 6 часот наутро.

Таа посочи дека внатре во Прифатниот центар има 11 лица и околу 70 мигранти сместени надвор во шатори, додека на грчка страна од границата за влез чекаат околу 13 илјади лица.

–  Станува збор за група од 70 лица кои се вратени од границата со  Хрватска пред десетина дена и моментално се заглавени бидејќи некои од нив ги немаат  сите потребни документи, рече Колци.

Еден воз од четири вагони со 437 мигранти од Сирија и Ирак денеска се упати од ПТЦ Гевгелија кон Табановце.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод