Нема настрадани македонски државјани во Истанбул

Од:

Според првичните официјални информации, нема македонски граѓани меѓу повредените и загинатите во синоќешните бомбашки напади на меѓународниот терминал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, информираат од Министерството за надворешни работи на Македонија.

Од македонското МНР воедно изразуваат длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени.

Потенцираат дека се во постојана комуникација со македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.

Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет е откажан.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги прекина времено летовите. Националниот авиопревозник соопшти дека сите резервации за летовите од и до аеродромот Ататурк во Истанбул меѓу 28 јуни и 5 јули 2016 година ќе бидат презакажани или патниците можат да си ги побараат парите доколку сакаат до 31 јули.

Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава. Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Аеродоромот „Ататурк“ во Истанбул годишно го користат повеќе од 60 милиони патници.вг/цр/11:27

Би можело да ве интересира

Русија удри во „срцето“ на украинската металургија

Горан Наумовски

Се судрија два брода близу Истанбул, се трага по екипажoт на еден од бродовите

(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он

Руски хакери тврдат: НАТО ги координира нападите на Русија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жена избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Горан Наумовски