Нема напредок на средбата во Њујорк

Од:

Во Њујорк штотуку заврши средбата на министерот за надворешни работи Никола Попоски и грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, по која македонската страна информира дека грчките позиции воопшто не се сменети и нема најава дека Грција е подготвена за решавање на спорот.

– Ставовите од југот се основа на проблемот. Немаме никакво убедување дека имаат желба да станат дел од решението. За се друго можеме да бидеме партнери, но за спорот, меѓу нас се планини, изјави министерот Никола Попоски по средбата.

Министерот Венизелос наскоро исто така треба да им се обрати на грчките новинари во Њујорк. Но, пред средбата, грчкото Министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое ја напаѓа Република Македонија врз која ја префрла вината за спорот.

Средбата во Њујорк траела 20-ина минути, и на неа, на грчко барање, присуствувале само двајцата министри.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски