Нема фантомски изводи – тоа е опасно замајување на јавноста, вели Маричиќ

Од:

Не постојат фантомски изводи, тоа е опасно замајување на јавноста, бидејќи не само што не постојат, туку на попис кој што ќе се реализира во септември оваа година не се попишуваат изводи, се попишуваат граѓаните, рече денеска министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање.

Како што дополни министерот, на пописот секој граѓанин треба сам да ги внесе податоците или да ги даде податоците. Посочи дека пописот и информациите кои се собираат за пописот, не се собираат според документите или изводите, туку се споредуваат само со официјалните регистри.

Додаде дека пописот се базира на непосреден контакт со граѓаните и непосреден контакт со секое домаќинство во државата, а надвор од државата со регистрација на секој поединец.

-Жално е што сè уште има партии кои не застанаа зад статистичката операција која е од директна полза за граѓаните и државата. Преку пописот имаме можност, конечно нешто сами да сториме за доброто на државата. Место да се внесува забуна, потребен е заеднички повик за учество на пописот, рече Маричиќ.
Тој на прашање поставено од пратеникот Борислав Крмов за евентуалните пропусти во работењето на Управата за водењето на матични книги, рече дека доколку постојат пропусти тие најчесто се од процедурален карактер, и се одраз на застарениот Закон за матичната евиденција. Тој закон, како што рече, треба да се дополни и промени и во моментов постои иницијатива за истото од страна на Министерството за правда.

-Нормално тоа се правила и книги кои со децении наназад се применувани и затоа можеби не целосно одговараат на денешното време и технологии, рече Маричиќ.

Министерот додаде дека дигитализацијата на матични книги за родени, венчани и умрени е приоритетна цел на Управата за водење на матични книги.

Како што дополни, сите инситуции кои се надлежни за тоа доставуваат секоја година до Владата извештај за реализација на акцискиот план за дигитализација, за наредната година, т.е. Управата редовно ја известува Владата како тече планот за дигиталиазација.

-Процесот на дигитализација се одвива до сега според акцискиот план, и можам да кажам дека има внесено 3 милиони податоци. Согласно стратешкиот план на Управата за водење на матични книги, кои се усогласени со стратешките планови на Владата, до 1 јануари 2023 година процесот на дигитализација треба да заврши бидејќи е обемен и бара работа, односно сите податоци треба да бидта вмесени во овој регистар на абза на податоци, додаде Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Уставниот суд ги поништи изводите со графата националност

A1on

Уставниот суд денеска ќе се произнесе за графата националност во изводот

A1on

Прво измени на Изборниот законик, потоа дискусија за отворени листи, вели Маричиќ

Жарко Настоски

Маричиќ: Можна е измена – судскиот процес да не почнува од почеток откако ќе замине судија

Жарко Настоски

Нападот врз новинари ќе се третира како напад врз службено лице, строго ќе се казнуваат и заканите

Жарко Настоски