Уставниот суд денеска ќе се произнесе за графата националност во изводот

Од:

Уставните судии на седница ќе одлучуваат дали ќе поведат постапка за поништување или укинување на упатството за издавање изводи во кое од неодамна е впишана и графа за национална припадност.

Досега при аплицирање за извод од матично, граѓаните ја пишуваа својата етничка припадност своеврачно во книгата за водење евиденција, но освен графа за државјанството, немаше графа за национална припадност, што за најголем дел од експертите, вклучувајќи ја и претседателката на Уставен, Добрила Кацарска.

Вчера пак, министерот за правда, Кренар Лога откако го објави изводот на кој му стои етничката припадност Албанец, во обид да докаже дека Упатството кое го донесе е во согласност со законите објави изводи на кои стои „македонец“ и „македонка“ во графата националност. Тој објави извод на лице родено во 1982 година во кој кај родителите кај националност стои Македонец и Македонка.

– Нови изводи на родени со графа националност . Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, пишува Лога во објавата.

– Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, објаснува министерот за правда кој потоа и споделува Толковни речници на макеоднскиот јазик во потцртани зборови националност.

И поранешната министерка за правда, Рената Дескоска се изјасни дека графата за националност во изводот не е законска, и дека очекува Уставен суд да го укине Упатството за матични книги.

Професорката објаснува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.

Дескоска сметка дека според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство.

Ова доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај го потпиша упатството за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои веќе се наоѓа и изјаснувањето по етничката припадност. Објаснувањето на Лога тогаш беше дека на овој начин Министерството за правда сака да му стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

Веднаш по ова реагираа од Левица и поднесоа иницијатива пред Уставниот суд за внесувањето етничка припадност во изводите.

Би можело да ве интересира

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Ванковска и Левица го оспорија упатството за радиодифузери на АВМУ пред Уставниот суд

Орце Костов

Уставен ја укина одредбата од законот според која на лицата со тешка попреченост над 65 години не добиваа парична помош

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии