Нема да се намали бројот на паралелки во Кочани, наставниците се враќаат на работа

Од:

Советот на Општина Кочани на 69. седница што се одржа денеска во Мултикултурниот центар гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година, донесена на 27 август.

Ова значи дека педесеттината наставници на кои на 31 август не им беа продолжени договорите, се враќаат на работа. Бројот на паралелките не се намалува.

Одлуката на Советот на Општина Кочани, која денеска беше донесена со 16 гласа против и еден воздржан, треба да биде објавена во Службен гласник.

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев, на седницата рече дека има информација оти вчера до Јавното обвинителство е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена должност и овластувања.

– Како претседател стојам зад тоа целата оваа работа да се испита. Зошто се крие документот со кој МОН дава позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици. На 5–ти овој месец тој документ е пратен до в.д. градоначалникот, потпишан од министерката за образование. Денеска сме 12–ти, а документот се уште го нема во Општината. Се сомневам дека некој го крие. Зошто, праша Митев.

В.д. градоначалникот Венко Крстевски не присуствуваше на седницата.

Претставник на општинската администрација од секторот образование ги информираше советниците дека уште пред да настане овој проблем, Министерството за образование ги одобрило вработувањата на наставниците на кои на 31–ви август не им беше продолжен работниот однос. Според тоа, финансиски импликации за училиштата поради продолжување на договорите за работа на педесетте наставника нема да има.

Би можело да ве интересира

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Второто полугодие за учениците почнува на 20 јануари

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја