Нема да фалат пратеници за уставните измени уверува премиерот

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени.

Ковачевски денеска повтори дека двотретинското мнозинство е потребно за понатамошното продолжување на евроинтегративниот процес на земјава.

– Пратеници не и требаат на Владата или на мене. За да бидете претседател на Влада и за да се изгласа Влада потребни се 61 пратеник. Оваа Влада има 65 пратеници со кои е изгласана. Две третини мнозинство е потребно за понатамошно продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Сите членови на Парламентот имаат обврска да го поддржат европското движење на државата затоа што младите заминуваат од државата во земји од ЕУ бидејќи таму има економски просперитет, владеење на правото, социјална правда и владеење на демократија. Тоа го сакаат нашите граѓани и тоа го сакаме и ние, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата ИПАРД 3 програма.

Додаде дека придобивките од влезот во ЕУ се огромни особено во економскиот дел, посочувајќи дека во држави кои станале членки на ЕУ е зголемена просечната плата за трипати, а нивото на инвестиции зголемено за 30 проценти.

– Единаесет години владата на ВМРО-ДПМНЕ проба да има алтернативно решение за економскиот раст. Што постигна? Ништо. Два проценти БДП, на три проценти просечна инфлација. Инвестициите ги гледаме. Стиропорот во Владата и во сите други згради се распаѓа, половина подруми се поплавени, театарот протекува. Останаа спомениците, а еден споменик бил плаќан 10-кратно повеќе од тоа што вреди. Ние сме уникатен случај во светот каде социјална зграда чини колку еден лав на мостот „Гоце Делчев“, рече Ковачевски.

Верува дека скрининг процесот ќе заврши успешно и дека откако ќе бидат донесени уставните измени, ќе може да ги отвориме сите поглавја. – Тоа ќе биде нов процес и импут за државата кога ќе почнат реформите од сите аспекти, рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Неодбивањето на Фон дер Лајен на нашиот предлот значи дека има простор за потенцијално решение за уставните измени толкува Муртезани