Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“ за паркингот на Клинички

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички центар.

Таравари посочи дека се разгледуваат две опции за стопанисување со паркингот.

-Првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар, рече Таравари.

Медиумите минатата недела објавија дека приватниот оператор од Албанија „Ѓока Констракшн“ е единствена компанија која се јавила на повикот за јавно-приватно партнерство. Ако го добие договорот, ќе биде обврзана да инвестира во катни гаражи, но ќе може да наплаќа паркирање по цена од 50 наместо 30 денари од час, а за возврат на државата ќе треба да и префрли само 1 отсто од годишните приходи.

Откако Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал, под притисок на СДСМ и граѓаните тие се повлекоа. Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека целиот договор бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност, реагираше СДСМ откако Таравари ја објави одлуката.

– Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата сама се согласила уште при повикот концесионерот да ѝ плаќа само 1% на државата. Ова е најдобар доказ дека огласот бил однапред правен за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите. Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка.СДСМ бара итна и неотповиклива оставка од Тараварија и истрага од институциите. Ако ова остане без разрешница, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка. Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании, се вели во реакцијата од СДСМ.

Реакција за догворот за паркигот на Клинчки центар неколку дена имаше и од Левица.

Би можело да ве интересира

Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на Клинички центар ако не и се допаѓа на јавноста и има пропусти

Катерина Ѓуровски

Скандалозен договор со контроверзна албанска фирма – Таравари го продаде паркингот на клинички, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Од 30 до 35 отсто од луѓето во Македонија имаат проблем со обезност, посочи Таравари

Таравари: Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во прилепската болница

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски

Партиите од коалицијата ВРЕДИ би се споиле во една по локалните избори, најавува Таравари

Катерина Ѓуровски