Однесени во полиција: Ме приведоа поради најавите за цивилни стражи на гробот на Гоце Делчев

Од:

Неколку лица, меѓу кои и активистот Драган Угриновски се повикани поради најавите за цивилни стражи на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ и организираното чествување на роденденот на великанот в сабота во Скопје.

Според информациите до кои дојде „А1он“ , Угриновски бил спроведен на информативен разговор во полициската станица Бутел без да добие покана од одделението за компјутерски криминиал, а бил спроведен не затоа што објавил заканувачки статус, туку за да биде предупреден да не пишува ништо што би можело да се толкува како говор на омраза.

– Околу 18.30 часот завчера ми тропна полиција на врата. Ми рекоа дека се работи за компјутерски криминал. Јас отидов со нив во полициската станица и веднаш прашав „за какво обвинение ме теретите“, односно ги прашав полицајците за каква објава сум повикан на информативен разговор. „За да те предупредиме да не пишуваш оти тоа е говор на омраза“, рекоа – истакна Угриновски за „А1он“.

Од МВР му препорачале да не оди на чествувањето за да не се прават проблеми, но тој им рекол дека не гледа ништо спорно во тоа да се оддаде почит како човек кој си ја сака Македонија.

– Дознав дека и во други градови се повикани луѓе на информативен разговор, моите информации говорат дека се стотина граѓани. Никој не сака инциденти на такви големи настани. Ние ќе седиме дома, а за Џамбаски црвен тепих. Ми се извинија, но им појаснив дека не е убаво да ме спроведуваат со полиција без претходно да ми достават покана – додаде тој.

Од МВР за „А1он“ велат дека полицијата е овластена да повикува граѓани за да собира известувања, но и превентивно да делува поради избегнување на потенцијално кривично-правни настани.

„Согласно полициските овластувања пропишани во Законот за полиција (чл.43), полицијата е овластена да повикува граѓани на информативни разговори со цел собирање потребни известувања неопходни за извршување на полициските работи, како и со цел превентивно делување, укажувања во насока на изразената потребата од граѓанска одговорност, а заради избегнување на потенцијални кривично-правни настани“, рекоа од МВР.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа