Неготинец криумчарел мигранти од Авганистан и Пакистан

Од:

Во саботата околу 7 часот na автопатот Гевгелија – Скопје во близина на раскрсницата за Велес – Штип, од страна на полициски службеници  било сопрено возило марка „опел сенатор“ со велешки регистарски ознаки, управувано 19-годишниот К.Ѓ., а по извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица, мигранти од Авганистан и Пакистан.

Заради расветлување на настанот, македонскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Велес. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на сторители на казнени дела од областа на организираниот криминал и корупција Скопје.

Против К.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради основи на сомневање за сторено кривично дело„криумчарење мигранти”. Истиот е спроведен до ОЈО  и ОСС-1 во Скопје. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка куќен притвор, соопштуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари