Неформална средба на премиерот Груевски со медијаторот Нимиц

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска имаше работен ручек со специјалниот претставник на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц.

На ручекот во скопскиот кафе-ресторан „Тренд“ присуствуваа и македонскиот преговарач и амбасадор во САД Зоран Јолевски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

Веднаш по ручекот Нимиц замина во Охрид каде што доцна попладне треба да има тет а тет средба со претседателот Ѓорге Иванов.

Нимиц ќе му се придружи на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој вечер на охридскиот аеродром пристигнува во дводневна официјална посета на Македонија.

Посредникот Нимиц од Скопје на 26 јули заминува за Солун каде што треба да се сретне со грчкиот претставник во разговорите за името Адамантиос Василакис.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски