Недозволен риболов во Црн Дрим

Од:

Во раните утрински часови на ден 14.07.2012 година во заедничка и координирана контрола заради спречување на недозволен риболов со недозволен риболовен алат, која контрола е координирана помеѓу Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и официјални претставници на концесионерот З.Р.Л.К ЛОВЏИЈА од Струга, (концесионер за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир ЦРН ДРИМ бр. 2), во водите на река Црн Дрим на 100 метри низводно по река Црн Дрим во правец од с.Луково према Дебар затекнати се две лица и тоа: А.Н (40), А.Н (16) како вршат недозволен риболов (лов на пастрмка) со недозволен риболовен алат (со преградување со сакови).

Лицата на лице место се затекнати заедно со риболовниот алат и со уловена риба (пастрмка).

„Против сторителите кои се затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави.

– Заедничките контроли на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид и концесионерот З.Р.Л.К ЛОВЏИЈА од Струга за организирање на рекреативен риболов на риболовниот ревир ЦРН ДРИМ бр. 2 ќе се интензивираат во наредниот период“, изјави Државниот инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата Јован Бојчески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион