Недела за грижа за старите лица од 23 до 29 ноември

Од:

Од 23 до 29 овој месец под мотото „Сите сме нивни деца“ Црвениот крст на Република Македонија ја одбележува Неделата за грижа на стари лица чија цел е да се подигне јавната свест на населението за правата на овие лица, како и нивната потреба за грижа и помош. ­

Во рамките на оваа недела преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на Град Скопје ќе се организираат едукативни и креативни работилници со стари лица, хуманитарни изложби на рачно изработени дела, посети на стари, осаемни и изнемоштени лица во нивните домови, доделување помош, бесплатни прегледи…, информира на денешната прес-­конференција генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саид Саити.

Тој појасни дека е подготвен промотивен материјал, а оти во рамки на неделата ќе биде организирана и акција за бесплатно мерење на шеќерот во крвта на 2.000 стари лица за што ЕВН Македонија обезбедило поддршка.

Според проекциите на ОН, секое десетто лице во светот е на возраст над 60 години. Се очекува до 2050 година секое петто лице да биде старо, а во 2050 секое петто лице да биде со возраст над 60 години. Македонија со 15 проценти старо население над 60 години го надминува коефициентот на старо население од 12 проценти.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери Драги Аргировски е задоволен од активностите што ги преземаат и Црвениот крст и надлежните институции, но и општествено одговорните компании. Додаде дека и членовите на 53 здруженија на пензионери ќе се приклучат на активностите и ќе ги посетат старските и пензионерските домови но и пензионерите кои се сами и изнемоштени.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски