Недела на продавачи на уличен печат

Од:

Продавачите на уличното списание „Лице в лице“ ќе се вклучат во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат што се одржува од 2 до 8 февруари во повеќе земји низ светот.

Продавачите на „Лице в лице“ ќе ја одбележат Неделата на продавачи на уличен печат со повеќе активности во Скопје, Струга, Битола и Охрид.

Целта на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат е да се слави работата на продавачите на 114 улични списанија и весници од 35 земји од целиот свет и да се поттикне јавноста да размислува за предизвиците и проблемите со кои тие се соочуваат, како бездомништво, социјална исклученост, сиромаштија. Во светот како продавачи на улични списанија и весници работат околу 14.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Ракометари и продавачи на „Лице в лице“ заедно ја одбележуваат Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Ана Ололовска

Промоција на видео „Да се обидеме и вака“ посветено на образовниот процес

Ана Ололовска

Промовирано најновото издание на списанието „Лице в лице“

Ана Ололовска

Онлајн настан „Лице в лице со новата Земја – соочување“: Каква иднина ќе имаме зависи од нас

Ана Ололовска

Промоција на 40. број на „Лице в лице“

Ана Ололовска

Пендаровски се сретна со продавачи на уличното списание „Лице в лице“