Лекарска комора по објавата за боледувањето за Јанева: Никој не смее јавно да мавта со дијагнози на пациенти

Од:

Никој не смее да објавува дијагнози во јавноста на пациенти, вели претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, во изјава за „А1 он“, откако пратеникот Антонијо Милошоски ја објави, а некои од порталите ја пренесоа дијагнозата од лекарското боледување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Претседателката на Комората не ја видела објавата, но смета дека тоа е недозволено.

„Има Закон за заштита на правата на пациентите и Закон за заштита на личните податоци. Тоа не смее така да се објави. Никој не смее да мавта јавно со дијагноза туку така“, вели Гривчева-Старделова и додава дека една дијагноза не значи дека тоа е слика за целосната здравствена состојба на пациентот.

Во Лекарската комора има посебна комисија за стручен надзор, која постапува по претставки на институции и граѓани, но за случаите да бидат ставени на дневен ред за одлучување, мора да има барање, вели претседателката на лекарскиот еснаф.

„За стручен надзор, комисијата работи на барање на судовите, на семејства на пациенти…“, смета Гривчева Старделова.

Тоа значи дека сега Јанева или членови на нејзиното семејство може да поднесат барање до Комората дека и’ е прекршено правото како пациент која, а Комисијата треба да постапува.

Гривчева-Старделова појасни дека особено одредбите од Законот за заштита на личните податоци се доста строги.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува