Не се очекува излевање на поголемите реки по најавените врнежи од дожд

Од:

Не се очекува излевање на поголемите реки во Македонија по најавениот нов влажен бран со поројни дождови, грмежи и ветер од денеска попладне до крајот на неделата.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека водостоите на реките се во тренд на опаѓање и оти иако на места врнежите може да бидат обилни, не се очекува излевање на поголемите реки од своите корита.

– Меѓутоа, доколку процесите бидат поинтензивни и доколку на одредени места локално за кратко време навранат поголеми количини на дожд можно е да дојде до забрзано зголемување на водостојот на малите реки и суводолиците (на места можни се и локални излевања) чиишто мали сливови не би имале доволно голем капацитет да примат евентуални вакви големи количини на дожд. Кај малите реки и суводолиците со стрмни падови при интензивни врнежи можна е појава на ерозивни процеси при што би дошло до брзо слевање на водата во низводните делови притоа собирајќи со себе дрва, гранки, камења и друг носечки материјал, појаснуваат од УХМР.

Во градските средини доколку има невреме проследено со силен ветер и град можно е да има вода по улиците и подвозниците поради неможноста за нејзино впивање и можното запушување на канализационата мрежа.

При силен ветер можна е појава и на бранови долж крајбрежјето на природните езера во земјата.

Од УХМР препорачуваат на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливот на оние места каде во наредните денови се очекуваат силни интензивни врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска