Не се исклучени нови мерки, но засега нема потреба, вели Филипче

Од:

Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки, дали на локално, дали генерално на ниво на територијата на цела држава, меѓутоа сега засега немаме такви индиции дека такви мерки треба да препорачаме, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој денска на Табановце од неговиот српски колега Златибор Лончар, ја прими втората пратка од осум илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Околу различните соеви, односно мутациите на коронавирусот, Филипче рече дека во овој момент се прави анализа на една серија во лабораторијата во МАНУ, од која резултатите се очекуваат следната недела, a која треба да даде одговор и на зголемeниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена.

-Целта е да се види колкав процент од вкупно дијагностицираните, практично, се должи на британскиот сој на вирусот. Последната анализа укажа на тоа дека некаде околу 50 проценти и тоа беше зголемување во однос на оние 20-ина отсто претходно и тоа е доказ дека се повеќе го има овој британски сој на вирусот. Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Во овој момент со епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи дали може да се утврди на што се должи тоа. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека се повеќе луѓе надвор има коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас, рече Филипче.

Запрашан во однос на реинфекции со Ковид-19, министерот Филипче истакна дека постојат публикации, но вели, станува збор за публикациите во однос на некои специфични случаи коишто не се правило. Значи, конкретно се уште науката не дала одговор на ова прашање, како и дека се уште многу работи во врска со вирусот се непознати и сега се прават анализи и испитувања.

Во однос на вработени во здравството кои работат со ковид пациенти, а не биле ставени на списоците за исплата, Филипче рече дека се прават напори со директорите на ФЗОМ да изнајдат начин дали може да се изнајде дополнителна сума на средства тие да бидат исплатени, за што вели дополнително ќе информираат.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

Орце Костов

Филипче не знаел дека во 2020 година на Онкологија медицинска сестра крадела цитостатици