Не почна главниот претрес од повтореното судење за убиството на Димитар Матилоски

Од:

Закажаното прво рочиште од повторениот процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски денеска не се одржа во Основниот суд во Охрид, поради непојавување на обвинетиот Бојан Угреновиќ (30).

Судскиот совет со кој претседава судијата Весна Кичеец ќе определи нов датум за главното рочиште, со забелешка дека доколку обвинетиот не се отповика на поканата за следниот закажан термин од расправата, ќе биде побарано да биде донесен со полициска асистенција.

Инаку, Судот во Охрид на првото судење го прогласи Угреновиќ виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. На првото појавување пред Судот тој целосно ја призна вината, изразувајќи жалење за смртниот исход и каење за стореното дело. По изрекувањето на пресудата одбраната ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење.

На првото појавување после одлуката на Апелацскиот суд, Угреновиќ целосно го смена исказот по однос обвинението, изјаснувајќи се невин за делото што му се става на товар. Тоа значеше потреба од повторување на целиот процес, а обвинетиот ја искористи недоследноста во легислативата и поради истекот на законскиот рок за притвор доби можност да се брани од слобода.

Убиството на Матилоски се случи на самата новогодишна ноќ на дочекот на 2016 година, во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во центарот на Охрид.

Би можело да ве интересира

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство