Не е пронајдна салмонела во шесте училишни кујни во Карпош

Од:

Негативни се резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. Ова го покажале резултатите по направениот вонреден инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Рената Младеновска денеска информиораше дека во текот на вчерашниот ден биле добиени резултатите од Институтот за јавно здравје Скопје и од Центарот за јавно здравје Скопје, бидејќи мострите храна и брисевите од работни површини биле земени двојно и однесени во лабораториите на двете здравствени установи.

Прашана каде сега треба да се бара изворот на салмонела, Младеновска рече дека известување треба да даде и Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Сметам дека Агенцијата за храна и ветеринарство исто така има голема улога во оваа состојба што се случи, за жал, заразна болест салмонела и тоа кај најранливата категорија на деца. Сметам дека тие во своите надлежности што ги имаат, ќе треба да дадат свое известување, за соодветно да се информира јавноста, рече Младеновска.

Откако беа пријавени 12 случаи на ученици заразени со салмонела, Државниот здравствен здравствен и санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, Центар за јавно здравје и Институт за јавно здравје Скопје. За време на надзорот, беа земени мостри храна за анализа и беа земени брисеви од работни површини и брисеви од жива и нежива средина. Од страна на Инспекторатот, сите кујни во основните училишта, беа затворени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски

Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Катерина Ѓуровски