А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Не е исклучена можноста за разговори за Македонија на Самитот на ЕУ

by А1он09/12/2020 - 16:33421
Share0

Високи дипломатски извори во Брисел за велат дека не се исклучува можноста лидерите на ЕУ да се обидат да разговараат за Северна Македонија со бугарскиот премиер Бојко Борисов на Самитот на Унијата, што ќе се одржи утре и в петок.

Добивај вести на вибер

По вчерашната блокада на Бугарија за почетокот на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија поради билатералниот спор со Скопје, германскиот министер за Европа, Михаил Рот, рече дека неговата држава, која до крајот на оваа година претседава со ЕУ, не се откажува од постигнување консензус за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Утре и задутре шефовите на држави и влади на Унијата ќе се состанат во Брисел за традиционалниот последен самит во годината. И покрај епидемијата од Ковид-19, овој состанок ќе биде физички, што овозможува повеќе неформални и билатерални контакти.

– Физичките средби на лидерите се секогаш можност за размена на мислења, така што и размена на оваа тема е можна и остварлива, но не можам да зборувам за сите делегации, изјави за МИА висок дипломатски извор од Советот на ЕУ.

Како што порача вчера Рот, германската канцеларка Ангела Меркел лично се вложила во обидот да се надмине блокадата на Бугарија. На утрешниот самит Меркел ќе има можност да се сретне бугарскиот премиер Борисов, иако нема гаранции дека тоа ќе ги придвижи работите.

Германското претседателство со ЕУ вчера оцени дека ако тоа не се случи до крајот на оваа година, тогаш во текот на првите шест месеци од 2021, под португалското претседателство, може да се надмине блокадата и да се одобри преговарачката рамка за Северна Македонија. Германија вети полна поддршка во овој процес.

bugarija dogovoreu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 15:42

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто