Не е добро за државата ако се пушти снимката во судницата, и рече Пешевски на обвинителката

Од:

На продолжението од судењето за предметот на СЈО „Траекторија“ кој се однесува на изградбата на кинеските патишта, Претседателот на судечкиот совет, Горан Бошевки ги извести присутните дека за 9 аудио-матријали јавноста ќе биде исклучена бидејќи станува збор за приватни разговори, по што јавноста беше отстранета од судницата.

Во судницата останаа обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Георгиевски да ги слушаат бомбите.

Пред паузата обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова се согласи за дел од „бомбите“ јавноста да биде исклучена, дел да бидат повлечени, а останатиот дел да бидат пуштени во присуство на јавноста.

За време на паузата поранешниот вицепремиер Пешевски и обвинителката разговаараа за исклучувањето на јавноста во бомбите.

Пешевски на Стефанова и рече дека разговорот не требало да биде пуштен бидејќи двајца министри разговараат за трета држава.

Пешевски и рече на Стефанова, не е добро да се пушти снимката заради држава, на што таа му одговори: „поранешен министре, да беше ситуацијата нормална немаше да бидеме тука. Требало да размислувате кога се снимате.“

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов