Повторно одложено судењето за екс генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири.
Кривичниот суд преку соопштение нагласи дека рочиштата ќе се одложат поради, како што велат, дестабилизација на психичката состојба на обвинетиот Зеќири, и во следните три/четири недели нема да се одржи рочиште за предметот.
„До судот е доставено новото вештачење на вештакот – психијатар, според кое поради дестабилизирање на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува судењата да се одложат за следните три до четири недели“, пишува во соопштението на Кривичниот суд.
Обвинителството го товари Зекири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма којшто договор бил во вкупна вредност од околу 1 милион евра.
На Зекири му беше одредена мерка притвор, која што поради здравствени причини во јуни годинава му беше заменета со домашен притвор.
Судењето за овој случај започна во ноември 2022 година, но оттогаш рочиштата беа неколкупати откажувани и одложувани, главно поради психичката состојба на Зеќири.