НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Од:

На денешното Централното Собрание на НДП едногласно се потврди подршката за консензуалниот кандидат за претседателските избори на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

„НДП, со нејзиниот скромен придонес, од организирање на парламентарните избори во 2016 година, дејствуваше со голема мудрост во формирање на парламентарното мнозинство, што резултираше со формирање на владината коалиција, која врз нејзиниот грб ја зеде историската тежина за уставни измени, големи компромиси, јазична и граѓанска еднаквост и голема капитална инвестиција кон НАТО и ЕУ. Иако бевме мали, и бевме нападнати од сите страни, НДП остана на истиот став, се со цел да не дозволи враќање на процесите назад туку да одат кон вистинскиот правец на националниот интерес.

НДП проценува дека подршката за консензуалниот кандидат се случува првпат во историјата на нашата земја, и оваа кандидатура има значење да се подржи и гласа, бидејќи подразбира прифаќање на еднаквоста на сите граѓани на земјата. Гласањето за консензуалниот кандидат, е цврст доказ што дава постојан легитимитет на Преспанскиот Договор, уставните промени, како и законот за употреба на јазици. Гласањето против консензуалниот кандидат или бојкотирање, не е ништо друго освен обид за делигитимирање на досегашните достигнувања, за делигитимација на Договорот од Преспа, зконот за употреба на јазици, уставните промени и еднаквоста на сите граѓани.

НДП проценува дека ова е историски момент каде Албанците заедно со сите други граѓани од помалите заедници, да го поддржат консензуалниот кандидат, кој јавно изјавува дека прифаќа да биде претседател на сите граѓани на Северна Македонија, и еднаш засекогаш да и се стави крај на кандидатите кој се ангажираат да бидат поддржани од еден етникум, а другите да им бидат како слуги за да имаат мнозиство, како што било во минатото. Како заклучок на сето оваа, нема дилема дека овие претседателски избори, еднаш засекогаш ќе го исчисти патот на секој камп кој дејстувал во политичката сцена, од првиот ден на плурализмот“, се вели во соопштението на НДП.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226