НДМ: Заев во Арачиново за Албанците мајка, за Македонците маќеа

Од:

„Народно движење за Македонија најостро реагира на двојните аршини на премиерот Заев при неговата посета на Арачиново по повод верскиот празник Курбан Бајрам.

За НДМ и народот е неприфатливо Заев на сред село во Арачиново да им порача на Албанците дека дојде животот за нив оти владата ќе им изгради канализација, школо, градиники… а од друга страна да не вети и гарантира враќање на раселените Македонци во Арачиново.

НДМ го потсетува Заев дека 16 години по војната се уште има 766 внатрешно раселени Македонци од Арачиново, еден од симболите на војната, каде во летото 2001 се водеа жестоки борби меѓу македоснките бранители и ОНА.

Премиерот Заев нема мандат за Албанците да биде мајка, а за Македонците маќеа и затоа не смее да заборави дека во моментот нема ниту едно раселено албанско семејство во Македонија, додека македонски семејства и по 16 години од рамковниот договор се уште се раселени во својата матична татковина.

Оттука, двојните аршини на премиерот Заев во Арачиново ќе може да се надминат само со враќање на раселените Македонци на своите вековни огништа во Арачиново“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска