НДМ: Заев да покрене иницијатива за единствен македонски став за името

Од:

„Народно движење за Македонија ja поздравува вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека владата на СДСМ се обидува да изгради национален консензус за името иако во реалноста таков обид досега немало.

Затоа, НДМ силно го охрабрува премиерот Заев да иницира Совет на политички лидери во кој би се изградил единствен македонски став за името, бидејќи името не е прашање на една партија или на една влада.

Во Советот би биле претставени сите партии и во него на едно место би била собрана целокупната политичка памет во земјата, со што се отвора патот за домашно единство во спорот за името како прашање од највисок национален интерес.

Ова не претставува посебен проблем бидејќи останува да се повика само уште Народно движење за Македонија земајќи предвид дека сите останати четириесетина партии од македонскиот блок во моментот се во сателитските коалиции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

За споредба, грчките политички партии уште со појавувањето на проблемот со името го донесоа официјалниот став кој и денеска е во сила, и кој во суштина се сведува на национално обезличување на Македонците, а секое отстапување од тој став се цени за национално предавство во Грција“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев