НДМ: Срамно и жалосно, владата на Заев удри по Македонците муслимани

Од:

„Народно движење за Македонија и македонскиот народ се длабоко навредени, понижени и засрамени од одлуката на владата на Заев за стопирање на средствата кои на годишна основа се доделуваат од буџетот на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед.

Со ваквата одлука премиерот Заев најдиректно удри врз оваа македонска организација чии поетоци датираат од 1972 година со промоција на книгата „Распукан бигор„ со единствена цел за осознавање, целосно интегрирање на македонците муслимани во матичниот македонски народ како и заштита и унапредување нма културните и националните вредности.

Вчера од Арачиново слушнавме како премиерот Заев ќе гради школи, канализации, училишта, градинки во албанските села, а од друга страна се залага за згаснување на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед како организација од врвен национален интерес за Македонија и Македонците.

За НДМ е индникативно однесувањето на Заев и при составот на новата влада во која има од се по нешто, а нема само претставник од Македонците муслимани.

НДМ изразува надеж дека премиерот Заев ќе биде на висината на задачата кога станува збор за националните интереси и ќе ја промени оваа одлука“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев