НДМ: Министерката Треневска да поднесе оставка заради заштита на личниот и професорскиот дигнитет

Од:

„Народно движење за Македонија ја повикува министерката за образование Рената Треневска Дескоска да поднесе оставка доколку држи до својот личен, професионален и научен дигнитет, откако нејзината матична партија СДСМ јавно ја девалвираше нејзината стручна и научна компетенција како уставен експерт.

Имено, СДСМ во реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците рече дека законот е целосно во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5 а реакциите на ВМРО-ДПМНЕ се кукавички и неосновани.

Меѓутоа ваквите квалификации на СДСМ се всушност длабоко понижување и за министерката Треневска Дескоска бидејќи во дебатната емисија „Топ тема“ од 17 март 2017 Треневска децидно рече дека не може да има двојазичност на банкнотите и униформите оти тоа е во спротивност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5 и дека толкувањето на Уставот врз основа на професионални узанси и стандарди како и нејзините професионални познавање за уставната материја зборуваат дека двојазичност на парите и униформите е неуставно и за ова ги известила органите на СДСМ и претседателот Заев.

Оттука, со реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ всушност се врши своевидно јавно понижување на Треневска од нејзината матична партија СДСМ дека е кукавица и дека не е точно нејзиното мислење како уставен експерт дека двојазичноста на парите и униформите е неуставно.

Затоа, најмалку што може да се очекува од министерката Тренеска е нејзина оставка и заштита на нејзиниот и воопшто на дигнитетот на академската заедница во земјата, се разбира, доколку и навистина станува збор за уставен експерт како што ни ја претставуваат министерката Треневска“, се вели во реакцијата на НДМ.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите