НДМ: Иванов да се извини за негирањето на борците за Македонија

Од:

„Народно движење за Македонија изразува голема огорченост од говорот на претседателот Иванов по повод денот на Армијата, со кој, на отворена сцена се рушеа историските вредности на македонскиот народ.

Имено, за НДМ е неразбирливо зошто Иванов во делот каде зборуваше за заслужните за денешната македонска армија и држава, започнувајќи од 1915 година кога бил отворен Македонскиот фронт и во кој загинале 200.000 македонски војници мобилизирани во туѓи армии и за туѓи интереси, па се до неговата благодарност како што истакна до сите денешни пензионирани генерали, воопшто не ги спомна и педесетината македонски војници кои поради тогашната лоша домашна политика гинеа за туѓи интереси на боиштата во поранешна Јуославија како и осумдесетината загинати бранители во војната во 2001, кои со положувањето на своите животи исто така се вградија во градењето на слободна и независна Македонија.

Сакаме да веруваме дека се работи за ненамерен превид од страна на Иванов и затоа очекуваме негово извинување, во спротивно, ова предизвикува вознемиреност и остава простор за загиженост, бидејќи, значи ли тоа дека Иванов се оградува и не ги признава загинатите македонски војници на боиштата во поранешна Јуославија и загинатите бранители за време на Татковинската војна во 2001-та.

Дотолку повеќе, во услови кога земјата е соочена со нецивилизациски негирања, особено претседателот Иванов како врховен командат не смее да се оградува од загинатите македонски војници, или уште полошо-да фалсификува.

Ја користиме оваа прилика да го потсетиме Иванов дека со почита на сите македонски борци го јакнеме самочуството, а со игнорирањето на некои од нив се деградираме самите себе и стануваме недостојни на нашето минато со што им даваме аргументи на оние кои не ја прифаќаат Македонија како дефинитивен факт на самостојна држава“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on