НДМ: Груевски и Заев прават голема грешка ако името стане дел од пакетот за политичката криза

Од:

„Народно движење за Македонија како и македонскиот народ е силно вознемирен од изјавите на Али Ахмети и Мендух Тачи дека и името е дел од пакетот за политичката криза поради наводното напуштање на радикалните позиции на Грција во светлината на неодамна договорените 11 мерки за доверба меѓу Грција и Македонија.

Нашата вознемиреност ја надополнува и вчерашното двосмислено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во кое не видовме цврста определба дека името ниту во моментот, ниту во некоја подоцнежна фаза ќе биде дел од пакетот решенија за политичката криза, туку од ВМРО-ДПМНЕ само истакнаа дека во моментот нема предлог за решавање на спорот со името, што, пак, се две сосема различни работи.

За НДМ нема дилема. Повеќе немаме простор за грешки налик на последната кога Македонија не го пресмета ризикот од почетокот на новите билатерални преговори меѓу Скопје и Атина кои негативно ќе влијаат во битката за одбрана на името.

Оттука, Никола Груевски и Зоран Заев прават големата грешка со тешки и немерливи последици доколку се согласат во сегашниот најнеповолен момент во кој е заглавена земјата, паралено со лидерските средби за политичката криза да се работи и на изнаоѓање решение за спорот за името, бидејќи, во таков случај ќе дојде до промена на името како суштествен елемент од идентитетот на Македонија и Македонците.

НДМ изразува надеж дека политичката криза на крајот нема да биде едно големо изненадување сведувајќи се на параван за промена на името и продолжување на болните авантури и несреќните интервенции на вонмакедонсите фактори за национално обезличување на Македонците“, пишува во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски