НДМ: Ако не е екскурзија, посетата на Иванов на Канада е срамна

Од:

„Народно движење за Македонија изразува шокираност и неверување од отвореното девалвирање на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов при неговата посета на Канада каде не беше примен од ниту еден претставник на канадскиот државен врв.

– Затоа, НДМ бара одговорност од надлежните лица кои наместо средби со државниот врв на Канада му организираа на претседателот Иванов средби со треторазредни канадски политичари и градоначалници на општини во Канада, на кои, замислете, претседателот Иванов дури ги информирал овие свои соговорници за актулениот развој на разговорите за името. Апсолутно романтично, нема што.

– Оттука, за почеток, НДМ бара веднаш да бидат отповикани македонскиот амбасадор и конзул во Канада, Љубен Тевдовски и Драган Ѓурчевски, а исто така веднаш да си даде оставка и пратеникот во македонскиот парламент за Канада, Павле Саздов, кои пројавија недоветност, отворено незнаење и тежок хендикеп во исполнувањето на својата основна задача – да организираат државничка посета на претседателот Иванов во канадската средина каде дејствуваат.

– Дотолку повеќе, претседателот Иванов не беше на екскурзија туку во официјална посета на Канада која испадна крајно навредлива и недостоинствена за претседател на една независна, суверена и меѓународно призната држава.

– Овој срам го прави претседателот Иванов кој треба да ја чува државата и да се грижи за нејзиното достоинство на меѓународната сцена. Ова е во изведба на луѓето задолжени за организирање на државничките посети на Иванов на странски земји. И ние, македонските граѓани, очекуваме Македонија да биде почитувана земја во меѓународните односи? Па, кој ќе ја бламира тогаш државата“, пишува во соопштението на Народно движење за Македонија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on