НДМ: Академиците да седнат да напишат стратегија, а за апели го имаме претседателот Иванов

Од:

„Народно движење за Македонија изразува вчудоневиденост од вчерашната изјава на претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите дека улогата на Академијата ја гледа во тоа таа да создава клима на толеранција и дијалог и дека на нашето општество му бил потребен еден квалитативен скок напред.

За НДМ таквите совети на МАНУ се слаби без да се каже како да се направи квалитетен скок напред, а токму МАНУ треба да го каже тоа со оглед дека барем формално-правно во неа е концентрирана врвната домашна памет во земјата.

НДМ сака да им ја освежи меморијата на академиците кои манифестираат селективна сенилност дека не се членови на невладини организации и граѓански здруженија и дека за праќање апели за толеранција и дијалог веќе го имаме претседателот Ѓорѓе Иванов, и оттука, преголем финансиски товар за земјата е обидот и МАНУ да се сведе на праќање на апели за создавање на клима за толеранција и дијалог.

Затоа, НДМ ги повикува академициите да го оправдат трошењето на народни пари и да не се луксузираат врз грбот на граѓаните како даночни обврзници, со тоа што, најпосле ќе седнат и ќе напишат стратегија за заштита на националните и државните интереси.

Да потсетиме, за разлика од соседните земји единствено МАНУ сеуште нема изработено излезна стратегија како македонски проект.

НДМ и македонскиот народ очекуваат од МАНУ да видат и оценат стратегија како национален проект, бидејќи борбата за опстанок и самостојноста на Македонија продолжува и по стекнувањето на независноста во 1991, земајќи предвид дека земјата е исправена пред сериозни предизвици до степен да го загрозат опстанокот на земјата“, се вели во писменото соопштение на НДМ.

Би можело да ве интересира

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on