Навивачи на грчки ПАОК предизвикаа инцидент во центарот на Скопје

Од:

Грчка навивачка група дојдена во Скопје за ракометниот натпревар меѓу женските екипи на Металург и на ПАОК предизвика инцидент во центарот на Скопје. МВР потврдува дека имало пријава за нарушување на редот.

Навивачите влегле во продавница на улицата во близина на „Рекорд“, ја навредувале вработената, нападнале момче со македонски навивачки дрес.

– Денеска (15.10.2022) околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи. Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци се вели во соопштението од МВР.

Полицијата брзо реагирала и бил спречен поголем инцидент. Доцна поладнево во центарот на главниот град имаше засилено полициско присуство.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип