Наумоски: Не сум вработен во Министерството за култура

Од:

„Пред неколку дена ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати на пресконференции и собраниски говори на Емилија Александрова, Димче Арсовски и Антонио Милошоски бев клеветен дека сум вработен во Министерството за Култура, односно Владата на Република Македонија. Оваа лага, заедно со пратечки коментари дека работното место сум го заслужил со плукање по поранешната влада, беше причина да упатам допис до партијата со барање за извинување и исправка на наводите.

Бидејќи не го направија тоа, ќе се соочат со тужба и барање за отштета.

Сепак, во медиумите сеуште кружат написите од овие изјави на ВМРО-ДПМНЕ и затоа молам да ми биде објавен овој демант, особено од медиумите кои ги пренеле овие лаги и клевети.

Јас не сум вработен во министерството за култура (ниту во некоја друга државна институција). Ниту редовно, ниту привремено, на ниеден начин не сум вработен во министерството и никогаш не сум бил“, вели во демантот, Никола Наумоски.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“