Научна конференција за Договорот за добрососедство со Бугарија

Од:

Научна конференција на тема „Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија и перспективите за евроатлантска интеграција на Република Македонија“ денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Организатори на конференцијата се МАНУ, Бугарската академија на науките во соработка со Министерството за надворешни работи.

Целта на конференцијата, како што соопштија организаторите, е да се проникне во улогата на овој Договор и неговото влијание на евроатлантските интеграции на Република Македонија и Западен Балкан.

Научната конференција ќе ја отворат претседателот на МАНУ академик Таки Фити, потпретседателот на БАН академик Васил Николов и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски. Излагања ќе имаат академици, професори и експерти.

Ќе биде претставена и Платформата за натамошна соработка на МАНУ и БАН во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски