Натпревар за талентирани деца по информатика и роботика

Од:

Околу сто талентирани ученици од 9 до 16 години од Штип, Кочани, Скопје, Струмица и Виница денеска беа дел од првиот државен натпревар „Прва лего лига“ што се одржа на Факултетот по информатика на штипскиот Универзитет. Десетте тимови преку изработка на роботи и роботски дизајн решаваа различни проблеми за астронаутите во вселената.

Продеканот на Факултетот по информатика при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Александра Милева изјави дека севкупен шампион на натпреварот е екипата „Space Walkers“ од СТЕМ академијата во Скопје, кои се обидоа да ги заштитат космонаутите од дејството на радијацијата во вселената. Тие заедно со второпласираниот тим „ROBO Adventures“ од основното училиште „Свети Кирил и Методиј” од Кочани ќе ја претставуваат Република Северна Македонија на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија, на 16 март годинава. Наградата за проект ја доби тимот „RoboNK“ од средното општинско училиште „Никола Карев„ од Струмица, наградата за роботски дизајн тимот „The MakBot Pioneers“ од СОУ „Ѓошо Викентиев” од Кочани, а тимот од „Transformers“ од општинското основно училиште „Ванчо Прќе” од Штип ја доби наградата за основни вредности. Наградените добија пехар направен од лего коцки и медали.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет, а годинава учествуваат околу 40.000 тимови од 98 земји. Факултетот за информатика при УГД-Штип лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер Завод Супер Главче од Словенија, кој е одговорен за овој регион. Првата лего лига е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма што ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он