Наставнички пленум на средба со амбасадорот Орав

Од:

Претставници на Наставничкиот пленум денеска ќе се сретнат со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав пред кој ќе ги презентираат нивните досегашни активности, потребата за создавање на Пленумот и проблемите кои го тресат образованието. Според професорите, игнорантскиот однос на надлежните само дополнително ја прелеал чашата и трпението кај наставниот кадар кој и под силни притисоци и закани решил отворено да проговори за реалните состојби и проблеми во образовниот процес. Претставници на Наставничкиот пленум кои ќе одат кај амбасадорот Орав се: Жаклина Прекиќ, Владо Димовски, Сузана Тахир, Реџеп Алили и Билјана Димковска

Најавено е дека амбасадорот Орав денеска ќе го посети кампот на средношколците.

Во меѓувреме Средношколскиот пленум отвора уште еден штанд за потпишување на петиција за поддршка на барањата на средошколците на улица Македонија. Штандот ќе биде отворен од 12 до 19 часот.

За два дена, како што информираат од Пленумот, се собрани околу од 3 600 потписи.

-Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти МОН или на улица Македонија со цел да бидеме поблиску до отстварување на нашите јасно веќе оддамна поднесени барања од Средношколскиот пленум.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија