Настваничка со иницијали Х.З. од село Челопек удрила 10-годишен ученик со дрвен предмет по рацете, соопшти полицијата по пријава која ја добила од таткото на детето.
Настанот се случил вчера во истото село. Според пријавата која ја добило полициското одделение Жеровјане, 53-годишниот татко пријавил дека претходниот ден неговиот 10-годишен син додека бил на час по математика од страна на наставничката Х.З. од село Челопек бил удрен со дрвен предмет по рацете.
На детето му е укажана лекарска помош во амбулантата во селото, соопштија од полицијата и посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.