Нема да се гради никаков објект ниту ќе се узурпира игралиштето тврдат од основното училиште Киро Глигоров

Од:

ООУ „ Киро Глигоров“ Центар, Скопје во целост ги демантира информациите кои се поврзани со постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на училиштето.

dobivaj vesti na viber

Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што дел од медиумите известија.

Изнајмувањето на игралиштето е предвидено само по неколку часа во работни денови и само на фудбалското игралиште, додека останатиот дел од училишниот двор останува отворен за децата и родителите. Сите средни училишта во Град Скопје, но и голем процент на основните училишта ги имаат отстапено на користење надворешните игралишта со исти или слични договори и досега.

Целокупната постапка околу избор на правно лице кое ќе го користи просторот бетонско фудбалско игралиште е спроведена целосно во согласност на законите. По претходно запознавање, донесена е Одлука од страна на Училишниот одбор, составен од 3 претставници од Совет на родители, 3 претставници од Наставнички совет и 1 претставник од локалната самоуправа. Дадена е Согласност од претходниот Градоначалник Саша Богдановиќ на 25.5.2021, по основ на Одлука за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Центар, донесена од Советот на Општина Центар.

ООУ „Киро Глигоров“ останува отворено за разговор со сите засегнати страни, со единствена цел –изнаоѓање на трајно решение кое нема да наштети на ниедна страна.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за поранешен директор на училиште, дозволил наставничка да продолжи да предава иако дипломата и била одземена

А1он

Се полави кочанско училиште, протекол покривот што се реконструира

Се степале две вработени во основно училиште во Чаир

А1он

Десетина наставници во ОУ „Владо Тасевски“ заразени со коронавирус, училиштето целосно преминува на онлајн настава

Жарко Настоски

Наставничка со дрвен предмет удрила 10-годишен ученик