Наскоро веб-портал за проценка на ризици од природни катастрофи

Од:

Реосигурителната компанија „Европа Ре“ наскоро ќе го пушти во работа веб-порталот www.catmonitor.com на кој граѓаните бесплатно ќе можат да добијат информации за проценка на ризици од природни катастрофи и временски непогоди во регионот на ЈИЕ.

Во првата фаза од функционирањето на порталот граѓаните ќе можат да добијат податоци за ризик од земјотрес за нивните објекти за живеење, а во втората и од поплави.

За да ги провери податоците и да добие рангирање на ризик и која би била евентуалната штета од земјотрес на објектот во кој живее граѓанинот прво треба бесплатно да се регистрира на порталот. Потоа треба да внесе податоци за објектот во кој живее и тоа од каков материјал е направен и кога е граден. Може да се внесе и слика на објектот, но таа не е неопходна за да се добие извештајот со кој се дефинира една од петте класи на ризик. Не е ограничен бројот на објекти за кој може да се побара извештај за скалилото на ризик.

На сајтот може да се најдат и податоци за 300 училиште во Македонија, како и за останатите јавни и владини објекти, како и информации во реално време за катастрофите (земјотреси и поплави) што се случуваат во регионот.

Како што информира претставникот на „Европа Ре“ во Македонија, Андреј Ѓокиќ на денешната презентација на порталот, нивната главна цел е едукација и подигнување на свеста на јавноста за потребата од осигурување од катастрофи. Во моментов, нагласи, нудат реосигурување за ризици од катастрофи преку осигурителната компанија „Албсиг“, а наскоро нивниот производ ќе го понудат и преку други осигурителни компании.

– Регионот на ЈИЕ е доста ранлив од природни катастрофи како земјотреси и поплави, а климатските промени се почесто предизивкуваат и суши. Сепак во регионот има мала свест за потребата од осигурување од катастрофи. Во Македонија само 1 до 2 од 100 стана се осигурани од катастрофи, рече Ѓокиќ.

Тој посочи дека штетите од евентуален катастрофален земјотрес во Македонија би биле дури до 40 проценти од БДП или 3 милијарди евра, од кои милијарда евра штета би предивикале кај домаќинствата.

Главни акционери во реосигурителната компанија „Европа Ре“ се владите на Македонија, Србија и Албанија, а нејзиното седиште е во Швајцарија. Компанијата е формирана со поддршка од Светска банка, Швајцарската организација за економска соработка, Глобалното партнерство за заштита на животната средина, ЕУ и ОН.

Нејзина главна цел е да го поттикне развојот на пазарот на осигурување од природни катастрофи и временски непогоди во регионот на ЈИЕ преку развивање и поддршка на иновативни производи за осигурување и обезбедување нивно реосигурување, едукација на населението и бизнис секторот за изложеноста на ризиците од природни и временски непогоди и поддршка на владите и регулаторните тела од областа на осигурувањето да ги имплементираат неопходните стандарди за развој на пазарите за осигурување од ваков вид на ризици.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско