Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Од:

Таткото на претепаната Сара од Охрид, од вчера на пладне се уште до 10 часот денеска  беше во полициска станица во Охрид заради обавување информативен разговор. Ова е ситуација што може да се види само во корумпирана средина како Охрид- насилникот се штити и на слобода , а жртвата и семејството се малтретраат заради вербална закана. Таткото на Сара беше повикан во полициска станица вчера на пладне поради пријава од мајката на Кристијан Корубовски дека и се заканувал. Од вчера се држи во станица и не му бил дозволен контакт со семејството.

Мајката на Сара претходно изнесе тешки обвинувања за случувањата во моментот кога Сара била во бессознание. Според нејзиното сведочење, Кристијан, мислејќи дека девојката е мртва, стапил во контакт со својот татко и побарал помош како да се ослободи од нејзиното тело. Но иако ја претепа, тој е на слобода.

Освен помошта од родителите, Кристијан по се изгледа ја добива помошта и од целиот корумпиран систем во Охрид, што дополнително ја револтира јавноста. Од вчера пристигнуваат повици за масовни протести и земање на правдата во свои раце-со оглед дека има тенденција да се „замачка“ целата работа.  За вакви дејствија, без исклучок праксата покажува дека  насилници од овој тип не излегуваат од притвор најмалку 30 дена, а не истиот ден да излезе на слобода и да се врати дома.

Сара според извори од семејството е во шок и преплашена, не се чувствува сигурна ниту во болницата. Посебно сега кога Кристијан е надвор на слобода. Цела ноќ стражареле од семејството и пријатели пред болницата за да се смири.

Одговорност мора да има од сите што носат одлуки во Охрид и не смее да помине ова неказнето-како за насилникот така и за сите што му помагаат да се избегне правдата. Системот не смее да штити насилници и убијци, без разлика кои се и кому припаѓаат.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите

Катерина Ѓуровски

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ЗНМ и ССНМ реагираат: Попречувана новинарка на Телма при известување за инцидентот во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски вети бесплатен, а не субвенциониран оброк за учениците од септември

Предраг Петровиќ