Насилник се заканувал во банка и го кршел инвентарот

Од:

На 26.8.2022 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство.

Околу 15 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката.

Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.

Би можело да ве интересира

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

Ирак негира банкрот: „Преземени се само превентивни мерки“