Народот казнува, му вели Рангелова на Јанакиески во една од бомбите

Од:

Пратеничката Даниела Рангелова во телефонски разговор од март 2013 година со Миле Јанакиески во предметот „Титаник“ на СЈО, му вели дека сите што работеле во Општина Центар се комуњари и ништо не работеле, а таа била се расправала со Владимир Тодоровиќ дека ништо не сработеле.

„Се’ комуњари се таму. Тоа е општинска машинерија што треба да работи за нас“, вели Рангелова.

„Јас кога се карав со Тодоровиќ, кога викав дека ништо не се работи ми велевте дека сум негативна. Народот казнува“, додава таа во разговорот со ексминистерот Јанакиески, кој пак, констатира дека слабо стојат во Центар.

„Ништо не е работено 3 години. Само оваа година. Јас ги снимав дупките…“, вели Рангелова.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески