Народниот правобранител бара поголема заштита на децата од насилство

Од:

Народниот правобранител Иџет Мемети бара од надлежните институции брзо и ефективно да преземат мерки во врска со последните настани на територијата на Скопје, во кои жртви на тепање и малтретирање се деца.

– По повод последните настани на територијата на градот Скопје, во кои жртви на тепање и малтретирање се деца, Народниот правобранител сериозно загрижен реагира до надлежните институции и бара од нив брзо и ефективно да преземат мерки за расветлување на сите случаи, со цел заштита на нападнатите и спречување на евентуалното проширување на оваа појава, се вели во писменото соопштение од Канцеларијата на народнот правобранител.

Само брзата реакција на надлежните институции, вели правобранителот, ќе придонесе за запирање и натамошно спречување на насилствата врз децата, со што ќе се создадат услови за толеранција меѓу децата, младите и целокупната популација.

– Нападите врз младите, но и манифестирањето на нетрпеливост врз етничка основа,  одат во прилог на уште подлабоки делби што, пак, се погубни за нашето општество кое е мултиетничко и лесно ранливо, особено што сите сме свесни дека едно насилство предизвикува друго, се наведува во соопштението.

Народниот правобранител апелира до сите чинители во општеството да бидат свесни, како што вели, за одговорноста која ја носат и да работат на спречување на ваквите насилни настани, со цел воспитување на млада популација, која ќе ги вреднува и почитува различностите.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он