Народна банка: Дозволата за работа на „Еуростандард банка“ е укината на 12 август, а не на 1 јуни оваа година

Од:

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, што се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со кој се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, соопштија денеска од Кабеинетот на гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија.

-Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува.За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал, појаснуваат од НБРСМ.

Од Народна банка укажуваат дека датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, е со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

Би можело да ве интересира

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај

Сиљановска-Давкова по дополнителните анализи ќе даде предлог за гувернер на Народната банка

Горан Наумовски

ЕК: Народната банка презема соодветни мерки за справување со ценовните притисоци

Народната банка со препораки околу исплатата на априлската пензија

А1он

Гувернерката на Народна банка: Банкарскиот систем е отпорен на потенцијалните шокови од коронавирусот

А1он