Усвоен Извештајот за финансиската стабилност за 2024: Финансискиот систем е отпорен на шокови

Од:

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2024 година. Во Извештајот се оценува дека во текот на 2024 година финансискиот систем ја одржа стабилноста, добро се справи со предизвиците и е отпорен на шокови. Сите сегменти на пазарот – од банкарскиот систем, преку приватните пензиски и инвестициски фондови, осигурителниот сектор, до помалите институции како штедилниците и друштвата за лизинг – ја задржаа својата стабилност, покажувајќи добра отпорност на шокови и способност за приспособување на промените во економското и регулаторното окружување. Финансиските институции работеа во услови на умерено забрзан економски раст и постепено намалување на инфлацијата, додека геополитичкото опкружување остана нестабилно, носејќи со себе неизвесност и зголемени ризици.

Банкарскиот систем е од клучно значење за финансиската стабилност, бидејќи тој ги опфаќа заштедите на нефинансиските сектори, но и значителен дел од средствата на дел од небанкарските финансиски институции. Во Извештајот се оценува дека банкарскиот систем ја задржа стабилноста, зголемувајќи ја адекватноста на капиталот до највисокото ниво досега, ликвидносната позиција уште повеќе се подобри, а се одржа и добриот квалитет на кредитното портфолио. Макропрудентните мерки што ги донесе Народната банка помогнаа за понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

Приватните пензиски фондови го сочинуваат вториот по големина сегмент од финансискиот систем. Нивните остварувања се подобрија во 2024 година, остварувајќи повисоки номинални и реални стапки на принос. Ризиците за финансиската стабилност од приватните пензиски фондови засега се ограничени поради сѐ уште младото членство на фондовите и минималните исплати врз основа на пензии. Ограничени се и ризиците од осигурителниот сектор, кој одржува соодветна солвентност и ликвидност и солидна профитабилност. Останатите сегменти на финансискиот систем се значително помали, а во 2024 година се издвојуваат отворените инвестициски фондови, кои остварија висок раст на средствата од над 60%, кој се должи на привлекувањето нови инвеститори и/или нови средства во отворените инвестициски фондови, но и на управувањето со средствата.

Во Извештајот се оценува дека ризиците од нефинансискиот сектор се умерени со оглед на добрата финансиска позиција на домаќинствата и на корпоративниот сектор и ниската стапка на нефункционални кредити во кредитното портфолио на банките. Иако задолженоста на двата нефинансиски сектора расте во 2024 година, и е во рамки на праговите на ранливост и на двата сектора, сепак со долгот треба внимателно да се управува за да се одржи во истите рамки и во следниот период.

Би можело да ве интересира

Финансиските цели ти кажуваат која криптовалута да ја купиш – но дали знаеш кои се тие?

Предраг Петровиќ

Путин: Руската економија е четврта во светот, прва во Европа

Горан Наумовски

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит

Предраг Петровиќ

Левица: ​​​​​​​Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени

Предраг Петровиќ

Најнови вести: Рударите на биткоини од Северна Македонија се собираат во облакот EiCrypto за да заработат 3.000 долари во блок награди дневно.

Предраг Петровиќ

ЕЦБ го нагласи приклучувањето на земјава кон иницијативата за инстант плаќања